Времето денеска: Сончево и свежо со мала облачност
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 24 степени.
Од понеделник до среда ќе преовладува облачно и посвежо време со пообилни врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови на земјава. До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе бидат во пораст