Шекеринска со писмо во НАТО бара поддршка за Македонија
Како што соопшти Министерството за одбрана, со дел од нив Шекеринска имала и телефонски разговори.
Во писмото до своите колеги во Алијансата, Шекеринска наведува:
„Ви пишувам по постигнувањето на историскиот договор околу спорот за името со Грција. Оваа пречка за нашата евроатлантска интеграција е отстранета. Ја барам вашата поддршка за Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит. Беше потребна храброст, лидерство и дипломатија за да се постигне оваа цел – од двете страни. Нашиот народ е обединет и недвосмислен во желбата да станеме дел од НАТО и ЕУ, со доследна поддршка од повеќе од 75 отсто од нашите граѓани“.