САД ја предупредија Русија за сирискиот напад
Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли, рече дека сириската воена ескалација "недвосмислено го крши" аранжманот за деескалација и дека бомбардирањата веќе предизвика повеќе од 11.000 цивили да избегаат од оваа област. "Прекршувањата на прекинот на огнот во југозападна Сирија од страна ан сирискиот режим треба да престанат", рече Хејли. "Очекуваме Русија да има своја улога за спроведување на прекинот на огнот за да ги спречи прекршувањата на сирискиот режим и понатамошните дестабилизирачки акции на југозапад и низ цела Сирија". "Русија на крајот ќе ја сносат одговорноста за какви било понатамошни ескалации во Сирија", рече Хејли.
Сирискиот претседател Башар ал-Асад вети дека ќе ја поврати областа што граничи со Јордан и израелските окупирани Голански висови, а армијата почна да ги зголемува нападите таму оваа недела.