Костадинов: На референдумот да кажеме "ДА" за македонската иднина
"Да ја искористиме таа шанса. На референдум одлучно да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, одлучно да кажеме ДА за влез во НАТО и ЕУ, да кажеме ДА за македонската иднина" изјави Костадинов
Тој рече дека Владата предводена од СДСМ, преку успешната надворешна политика, преку градење пријателства, сојузништва, реформи и решавање на проблемите, за една година ја врати Македонија на вистинскиот евроатлански пат,
"Постигнат е историски Договор со кој се решава деценискиот спор што земјава ја влечеше надолу. Македонија оди напред, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, отворени се вратите на НАТО и ЕУ. Успесите и лидерството се проепознаени од целиот демократски свет" рече Костадинов.