САД ги продолжуваат санкциите за Северна Кореја
Трамп се состана со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур на 12 јуни на историски самит чија цел беше намалување на тензиите на Корејскиот полуостров. По самитот, Трамп рече дека санкциите ќе останат на сила, во очекување на опиплив напредок во врска со денуклеаризацијата на Северна Кореја.
"Акциите и политиките на владата на Северна Кореја продолжуваат да претставуваат извонредна закана за националната безбедност, и надворешната политика и економијата на САД", наведе Трамп во одлуката.. Исто така, денеска , Пентагон најави неограничено прекинување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, исполнувајќи го ветувањето на Трамп до Ким во Сингапур.