Заев во вторник во Австрија, во среда во Полска
Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.
Заев ќе има средба и во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата, а ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.
Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски.