И Германија препорача ЕУ да почне преговори со Македонија
„Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана“, се наведува во писмото од германската Влада што го пренесува Дојче веле.