Талибанците продолжуваат со офанзивата во Авганистан
За време на вториот напад во Кандахар четворица полицајци загинале додека се обидувале да ослободат 33 градежни работници кои биле заложници на талибанците. Нападите се дел од поголема офанзива на милитантите која започна пред два дена и при која загинаа 87 лица.