Мичел: Во интерес на САД и Европа е реформиран Балкан
Тој додаде дека дипломати од САД и Европа со часови телефонски разговарале за нормализација на односите Белград-Приштина и за реформи во БиХ, како и за преговорите за името меѓу Грција и Македонија. Мичел порача дека е многу задоволен од напредокот што е постигнат во преговорите меѓу Македонија и Грција, истакнувајќи дека САД од почетокот учествувале во тие преговори.