Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, тврди Сугарески
„Значи мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради и уште еднаш ќе кажам дека не смееме да внесуваме некоја психоза или паника меѓу населението. Јас за таква работа нити знам, а и тогаш кажав и сега ќе кажам дека никакви кампови нема да се градат тука“, рече Сугарески.