Вработувања во администрацијата: Пред избори службеници, по избори директори
Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, во Македонија има општа согласност дека принципот на вработување е врз политичка припадност, а не врз систем на заслуги.
„Без разлика дали ја имаме праксата или не. Самата перцепција на граѓаните дека тоа постои и тоа се правилата на игра создаваат очекувања на граѓаните и тие се прилагодуваат на тие правила на игра. Се создава поволна почва за клиентелизам во општеството“, смета Поповиќ.