Протести во Молдавија по поништување на изборната победа
Илјадници луѓе протестираа на улиците на главниот град на Молдавија Кишинев денеска откако судот ја поништи изборната победа на проевропски ориентираниот кандидат за градоначалник.Демонстрантите извикуваа Настасе е градоначалник и носеа транспаренти на кои пишуваше “Нашиот глас не е ваш каприц”.
Андреј Настасе, кандидат на платформата за достоинство и вистина го победи проруски ориентираниот противкандидат од Социјалистичката партија Јон Цебан на изборите што се одржаа на 3 јуни.
Настасе, кој е обвинител кој долги години се бореше против локалните олигарси во поранешната советска република, освои 25,5 отсто од гласовите. Судот во Кишинев на 19 јули одлучи дека тој не е победник но образложи зошто што доведе до протести вчера вечер.