Хан ја поздрави ратификацијата, побара храброст за идните чекори
"Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори", напиша Хан.
Тој, заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, посредникот во спорот Метју Нимиц и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло беа на потпишувањето на Договорот во неделата во Преспа.