Утре ратификација на Договорот, демонстрантите се повлекоа од пред Собранието
Предлог-законот за ратификација на договорот, денеска во 15 часот треба да биде разгледан во Комисијата за европски прашања, а петнаесет минути подоцна треба да биде одржана седница и на Законодавно-правната комисија.
Пратениците денеска со 69 гласа „за“ и 40 „против“ ја изгласаа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција.
Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои ја напуштија седницата и најавија дека нема да учествуваат во носење на Предлог-законот за ратификацијата на договорот.
Дел од граѓаните, кои учествуваа во протестите против Договорот се разотидоа откако не беа примени на разговори во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а дел се повлекоа во паркот Жена борец спроти Парламентот.