Мицкоски до демонстрантите: Не го напуштаме Собранието, ќе дејствуваме од внатре
Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата, за МИА изјавил дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција.
Според Олумчев, Мицкоски им рекол дека „би било подобро партијата да биде внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки“.