ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата за Договорот со Грција, Собранието на пауза
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пред пратениците образложи зошто Договорот со Грција треба да биде донесен по скратена постапка, по што со 69 гласа „за“ и со 40 гласа „против“ Парламентот донесе одлука Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка.
Пратениците од опозицијата за време на излагањето на министерот Димитров извикуваа „Предавник, предавник“.
Откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза.
Во исто време пред Собранието стотина граѓани протестираа против Договорот за името.