Милошоски: Договорот е уцена која некој морал да ја потпише
„Овој договор не е компромис туку уцена која некој морал да ја потпише или поради претходни дејствија или за идна награда“, рече Милошоски.
Тој додаде дека „биле прекршени сите процедури и било злоупотребено европското знаменце, а договорот со грција е неуставен и национално понижувачки“.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека ја напуштаат работата на Собранието, а дали тоа ќе биде само за ратификацијата на Договорот со Грција или и другите седници во иднина, како што рекоа, ќе одлучат органите на партијата.