САД бараат од Русија ослободување на политичките затвореници
Ја повикавме Русија веднаш да ги ослободи сите луѓе идентификувани како политички и религиозни затвореници и да ја прекине употребата на правниот систем за да се потисне несогласувањето и мирната верска практика, стои во Изјавата.
Нема итна реакција од Москва на оваа Изјава на Вашингтон. Во минатото Министерството за надворешни работи одговараше со остра осуда, обвинувајќи ги САД за мешање во внатрешните работи на Русија.