Манчевски: Отворени податоци, поголема транспарентност
„За да се постигне тоа потребно е да се подигне свеста и кај институциите и кај граѓаните за објавувањето и користењето на податоците и да се работи на зајакнување на капацитетите во институциите за да може податоците да бидат објавувани во реално време“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на презентацијата на Стратегијата.