Уште две пресуди за насилството во Собранието на 27 април
За насилство врз премиерот Зоран Заев затворска казна од една година и три месеци добил Васко Цунгаревски, кој ја признал вината, а за закани до пратеникот Артан Груби осуден е Димитар Поповски, кој добил условна двегодишна казна.
Осудените имаат право на жалба до Апелацискиот суд.
Судијката Оља Ристова го упатила Поповски на задолжително психијатриско лекување, бидејќи, „со вештачење било утврдено дека обвинетиот е со битно намалена пресметливост“.