Во аферата „Дизелгејт“ уапсен и директорот на „Ауди“
Штадлер бил приведен во рамки на истрагата за аферата за прикривање на емисијата на штетни гасови од возилата наречена „Дизелгејт“.
„Можеме да потврдиме дека Штадлер е уапсен утрово. Постапката за носење одлука дали ќе остане во притвор или не, сè уште е во тек“, изјави портпаролот на „Фолксваген“, кој побара да се почитува презумпцијата на невиност.