„Независни Грци“ останаа без уште еден член поради договорот со Македонија
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Магдалена Пападопулу, која од позицијата портпарол на Независни Грци пред пет дена беше поставена за одговорна за координација во партијата во пресрет на изборите, преку нејзиниот „Фејсбук“ профил пред потпишувањето на договорот во Преспа, објави дека си заминува од „Независни Грци“.
„Мојата совест ми наметнува да се повлечам од активната политика и да си се вратам дома. Одвратниот договор што произлезе од криминалните политики во минатото не треба да се потпише од министерот за надворешни работи и од никој друг“, напиша Пападопулу на Фејсбук.