Хан и Могерини: Договорот е добар компромис во кој сите добиваат
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пак, рече дека ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот.
„Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со вин-вин солицијата што ја потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа. Овој договор им покажа на Европа и светот дека секој проблем може да се реши со дијалог и лидерство“, изјави Могерини.
Таа најави дека ЕУ ќе ја следи имплементацијата на договорот, бидејќи, како што кажа, тој не е значаен само за двете земји, туку и за Европа и светот.
Тие денеска присуствуваа на потпишувањето на договорот за името во Преспа.