Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.
Протесниот марш ќе почне пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.
Предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека премиерот Зоран Заев „распродава нешто што не е за продавање“ и е „најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името“. Според нив, со договорот ѝ се прави неповратна штета на државата.