Курц очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ
„По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија“, наведува Курц.
Тој порача дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на Србија и на Црна Гора. Според него, Западен Балкан и ширењето на ЕУ се меѓу приоритетите за шестмесечното претседавање што Австрија го презема на 1 јули.