Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата
По повикот во парламентот дека поради договорот со Македонија војската треба да реагира и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, претседателот на Златна Зора, Никос Михалољакос, донел одлука со согласност од неговата пратеничка група да го избрише Барбарусис од партиската листа.
Објаснувањето на Михалољакос било дека „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна зора“.