Пратеник на Сириза зборуваше македонски во грчкиот Парламент
„Драги пријатели од Република Северна Македонија, како што се договоривме, време е да го оставиме назад тоа што не разделува и да гледаме напред со тоа што е заедничко, со соработка и со љубов“, рекол Урсузидис со изразен дијалект кој, според некои од медиумите, потсетувал и на бугарскиот јазик.
Неговото обраќање на македонски јазик било поздравено со аплауз од неговите сопартијци.