ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протестен марш во Битола
"Едногласно заклучивме и дека станува збор за решение кое што самото по себе е капитулантско и пратеничката група но и Извршниот Комитет беа едногласни и ги повторија веќе познатите позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во минатото, а тоа е дека нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име" рече Мицкоски.
Тој образложи дека договорот е штетен бидејќи не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна.
" Како тоа владата превзема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство"? праша Мицкоски
Тoj информираше дека на роденденот кој што ВМРО-ДПМНЕ планираше да го одржи во Битола во недела , ќе се одржи протестен марш со почеток во 13 часот.