Уапсен Здравко Мамиќ, првиот човек на ФК „Динамо“
Тој најви дека во Судот на БиХ ќе се изјасни против екстрадиција во Хрватска.
Во изјава за сараевски „Кликс“, Мамиќ изјави дека приведувањето минало во ред и оти се наоѓа на пат кон Сараево.
„Одам на суд. Луѓето кои ме приведоа убаво се претставија и се мина во ред. Јас им кажав дека ги очекував. Тоа го знае цела нација, мораа да ме идентификуваат бидејќи е распишана потерница“, изјави Мамиќ, кој има и босанско државјанство.