Грчката опозиција против македонски јазик и националност во договорот за името
Коментарите од опозициските партии во Грција се негативни и, според досегашните јавни настапи, изјави и соопштенија, и веројатно е дека нема да го поддржат договорот.
Ставовите на речиси сите опозициски партии во Грција се познати, освен на партијата Река, за која во грчките медиуми се коментира дека можеби ќе заземе поразличен став од Движењето за промена.