Макрон и Конте на средба за помирување по кавгата за мигрантите
Италија побара извинување откако францускиот претседател ја обвини новата италијанска влада за неодговорно однесување и за одбивање на влез на бродот за спасување „Водилија“ кој превезуваше 629 мигранти.
Макрон рече дека "не го дал коментарот со намера да ја навреди Италија и италијанскиот народ", се вели во соопштението од Канцеларијата на францускиот претседател.
Пред два дена и Шпанија ѝ забележа на Италија за одбивањето да ги прими мигрантите од бродот „Водолија“.