Макрон ја критикува Италија за неприфаќањето спасени мигранти
Бродот Аквариус за спасување мигранти од саботата е заробен во меѓународни води, откако Италија и Малта одбија да му дадат дозвола за влез во нивните територијални води. Мигрантите сега се подготвуваат за патување во Шпанија која понуди свое пристаниште.
Макрон го пофалил хуманитарниот гест на Шпанија, информира францускиот владин портпарол Бенџамин Гриво. Тој додаде дека Франција не сака да направи преседан кој би им овозможил на некои европски држави да го кршат меѓународното право и да се потпираат на други членки на ЕУ.