Јанчовски: Би сакал да ми дојде да пишувам љубовна поезија
Во неделата, на 10 јуни, во скопски Сули ан, се одржа промоцијата на „Два света“ од еден од најголемите поети и мислители на сите времиња Џелалудин Мохамед Руми во превод на Тихомир Јанчовски. Станува збор за издание на Матица Македонска и за втора книга, по „Влакно на јазикот“, на која за релативно кратко време, само два месеца, се наоѓа потписот на овој наш автор.