Бомбашки напад во Кабул, 13 мртви и 25 повредени
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, јави новинската агенција АМАК, без да даде никакви докази. Нападот доаѓа откако безбедноста во градот се влоши во последниве месеци пред изборите закажани за октомври.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека меѓу загинатите има и деца, што неговиот колега од Министерството за јавно здравство го негираше.