Штрахе: Ова е само почеток на борбата против политичкиот ислам
„Сигурно постојат уште многу организации и скриени културни здруженија што го прекршуваат законот за ислам и против кои треба да се дејствува доследно“, вели Штрахе во интервјуто, во кое ги отфрли и критиките што Владата дејствувала за време на Рамазан и непосредно пред претседателските избори во Турција.
На изјавата на Ердоган дека Турција „нема да гледа со скрстени раце на случувањата во Австрија“, австрискиот вицепремиер вели: „Изјавите на Ердоган покажуваат дека Турција сака да влијае врз политиката на европските земји. Австрија сигурно нема да дозволи такво нешто“.