Харадинај: Прашањата со Србија да се решат со признавање на Косово
Единствениот начин да се затворат прашањата меѓу Косово и Србија е помирувањето на двата народа и признавањето на независноста на Косово од страна на Белград, смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Тој вели дека Косово се наоѓа во чувствителен период, бидејќи според него нерешените прашања со Србија се настојува да се решат „со нови политички пазарења“.
„Еден незатворен однос Косово-Србија се настојува да се претвори во нови политички пазарења. Неправда е ако се случи тоа. Ве уверувам дека единствениот начин да се затвори војната од 1999 година е помирувањето меѓу Албанците и Србите со признавање на Косово и Србија и без други валкани пазарења на сметка на Албанците“, порача Харадинај.