Воздушни напади на Турција против ПКК во северен Ирак
При воздушни напади во северниот дел на Ирак поразени се 14 цели на Курдската работничка партија (ПКК) на планината Кандил, соопшти денеска турската војска. Во планината Кандил се поставени бази на ПКК, која води вооружена борба против Турција.
Во текот на последните неколку месеци Турција активизираше операции врз цели на ПКК во северниот дел на Ирак.