Трамп и Ким ќе остварат средби со премиерот на Сингапур
Јужнокорејската новинска агенција рано денеска информираше дека приватниот авион на Ким, наводно Илушин - 62М, го напуштил Пјонгјанг за Сингапур.
Претхоно, службите за летање наведоа дека карго авион Илушин – 76, кој го придружувал Ким на неговата неодамнешна посета на Кина, исто така најверојатно се упатил кон Сингапур.
Ким треба да се сретне со премиерот на Сингапур Ли Хсин Лонг подоцна денеска, изјави министерот за надворешни работи за земјата.
Во меѓувреме, Трамп го напушти Самитот на Г7 во Квебек, Канада, на пат кон Сингапур. Тој треба да се сретне со Ли на 11 јуни.