МВР: Синоќа над 40 возачи во Скопје со позитивен алкотест
Констатирани се и други 48 прекршоци. Од МВР најавуваат дека ќе продолжи со вакви акции, особено на територијата на Скопје.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“, стои во соопштението на МВР.