Шекеринска: Македонија заслужува да стане членка на НАТО
“Внесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог и ги решаваме сите спорни прашања. Потпишавме договор за добрососедство и пријателство со Бугарија и сме на пат да го решиме 27 годишниот спор за името со Грција. Немаме други незатворени билатерални или гранични прашања”, порача Шекеринска.
На состанокот на НАТО предводен од Столтенберг во чиј фокус беше мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката рече дека Македонија од почетокот на 2018 година го зголеми своето учество и дека поддршката ќе продолжи. Во пресрет на Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, Шекеринска имаше средби со колегите Германија, Белгија, Холандија.