Полиција ја чува судијката Кацарска, МВР истражува кој ѝ се заканувал
„Полицијата работи на постапка за откривање кој и зошто ги прави заканите, но за тоа ќе информираат кога ќе има повеќе информации. Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска, изјави Спасовски.
Кацарска е судијка во предметот „Тенк“, покренат од СЈО.