Се самоубил светски познатиот готвач и патеписец Ентони Бурдејн
Неговата матична куќа Си-Ен-Ен потврди дека се работи за самоубиство.
„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè фасцинираат и многу ќе нѝ недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во вакво неверојатно тешко време”, објави Си-Ен-Ен.