Кабинетот на Тачи потрошил 500.000 евра за лобирање за средба со Трамп
Во договорот со компанијата „Балард Партнерс“ се наведува дека овие над половина милион евра се платени за „консултантски услуги“, за потребите на косовското Претседателство.
Според косовската телевизија КТВ, компанијата не е случајно избрана, со оглед на блискоста на нејзините раководители со Администрацијата на претседателот Трамп, со кого Тачи бара да се сретне во Белата куќа.