Трамп: Подготвен сум за самитот во Сингапур
Американскиот претседател повтори дека Пјонгјанг мора да се откаже од нуклеарното оружје или САД пак би можеле да воведат нови санкии ако биде потребно.
„Тие мораат да се денуклеаризираат или санкциите ќе бидат построги“, изјави американскиот претседател истакнувајќи дека е добро подготвен за самитот и дека се надева дека нема да треба дополнителна подготовка зошто се работи само за волјата и желбата да се направи нешто.