Зоран Радојичиќ нов градоначалник на Белград
На седница на градското Собрание, за изборот на Радојичиќ гласаа 67 од вкупно 110-те одборници. За заменик градоначалник е избран досегашниот градски менаџер Горан Весиќ. Новиот белградски градоначалник, во експозето истакна дека негов сон е главниот град на Србија во наредните четири години да прерасне во вистинска модерна европска престолнина.
Радоличиќ е специјалист за детска урологија и професор на Катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград.