СДСМ: Економијата се опоравува од пустошот што гo предизвика ВМРО-ДПМНЕ
"Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи. Нема веќе провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти.Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата.Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти", се вели во писмениот одговор од СДСМ.
Според владејачката партија, Христијан Мицкоски ги брани и промовира токму криминалните политики на неговиот претходник, покажувајќи дека “нема капацитет да разебере дека Владата може да работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните”.