Во бомбашки напад во Пакистан убиени двајца полицајци
„Терористичка група нишанеше кон полициско возило со импровизирана екплозивна направа. Во експлозијата беа убиени полицаецот од локалната станица, Бакт Мунаир, и неговиот возач, а двајца други полицајци беа повреден“, изјави полицискиот службеник Гул Хабиб за агенцијата „Анадолија“.
Одговорноста за нападот ја презела милитантската група Техрик-е-талибан Пакистан.