Пападопулу: Протестите ја изразија желбата на Грците
“Протестите можат да помогнат во еден преговарачки процес. Протестите навистина го покажаа патриотизмот на Грците, душата на Грците и желбата на Грците и на Гркинките да не се користи терминот Македонија или изведените зборови за Скопје,” рече Пападопулу и додаде дека на собирите имало луѓе од сите возрасти, од сите општествени степени и од различни професии.
Гостувањето во утринска информативна емисија на грчката телевизија Скај, го искористи уште еднаш да го повтори ставот на Независни Грци дека нема да поддржат име со терминот Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина.