Путин: Западот ќе има корист ако ги укине санкциите кон Русија
\ЕУ, САД и други западни земји наметнаа санкции кон Русија за нејзината анексија на Крим во 2014 година и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина кои се борат против владините сили.
Путин зборубаше на прес-конференција по неговата средба со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен за ефектот на санкциите на ЕУ врз Русија.
Тој рече дека мерките „се штетни за сите“ - за оние кои ги иницирале и за оние кон кои се насочени, додавајќи оти сите имаат интерес за нивно укинување.