ДДВ за становите ќе биде пет отсто до 2023 година
Како што рече министерот, направени се законски измени кои ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.
„За да се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година“, рече Тевдовски.